Куп – 30.финале: Ѓорче не го дава пехарот, повторно преку пенал – рулетот до триумф! (ВИДЕО)

264

По пенал – серијата победник во 30.финале во Купот на Македонија е тимот на Македонија ЃП. Решавачки беше голот на Скендери во четвртата серија, а интересно Струга ТЛ од четири пенали не погоди ниту еден, додека гол во пенал серијата постигна гол и Личина.

Уште еднаш се покажа дека „лавовите“ се специјалисти за пенали па така победија во ова финале и ставија печат на пласман во Европа.

Ова е трет пехар во историјата на Македонија ЃП во Купот.

Инаку Македонија дојде во водство со голот на Мишевски од пенал во 28.минута, а израмни Јусуфи во 78.минута.

Финалето подобро го отворија “лавовите“, како подобро да се снајдоа во атмосферата која носи еден ваков меч. Имаше неколку добри акции на тимот на Горан Симов, но сето тоа траеше до 7-8 минута кога Струга ТЛ ја презеде иницијативата или поседот на топката. Имаше и закани од стружани и тоа преку Мухарем, Мерџани, Шабани, но тоа сепак не беа којзнае какви шанси за гол, беа лесен плен за голманот Стевковски.

Се играше 28,.минута кога Попзлатанов шутираше од околу дваесетина метри, топката го закачи Кочоски а судијата Стојчевски оцени дека играчот на Струга ТЛ играл со рака, па покажа на пенал. Искрено не се виде најубаво од ТВ снимките дали навистина имало пенал.

Мишевски, капитенот на “лавовите“ беше успешен пеналџија за водство на Македонија ЃП од 1:0.

Резултат со кој се замина на пауза.

РАДОСТ ЗА СТРУЖАНИ, ЈУСУФИ ИЗРАМНУВА НА 1:1

Втортиот дел започна со нагласена желба на стружани за што побргу да се израмни резултатот, имаше и удари од далечина, имаше шампионот и неколку добри акции пред шеснатесетникот на “лавовите“, но сепак Македонија ЃП бепше одлична во одбраната. И така беше се до 56.минута кога Ибраими имаше одлична шанса за израмнување, но тој шутираше над голот на Стевковски.

Затоа Македонија ЃП беше опасна, и тоа од контри, во шанса беа Фазли, Воша а посебно Стојкоски, но во тие моменти Струга ТЛ и тоа како имаше среќа.

Во 78.минута Струга ТЛ израмни со голот на Јусуфи, откако успеа да се снајде во мешаницата и од непосредна близина ја затресе мрежата на “лавовите“. За голема радост на Струга ТЛ.

Дефинитивно Струга ТЛ се разбуди откако почна да паѓа силен дожд во тој дел од Скопје.

Стружани беа тие кои инсистираа на втор гол, на победа во регуларниот дел од ова финале.

Но ништо од тоа, по на крајот резултатот беше 1:1 па се замина во продолженија.

Интересно ова е четврто финале по ред во кое се играат продолженија.

И по тие дополнителни 2Х15 минути немаше голови, па така по четврти пат во серија, или во петтото финале во последните шест или вкупно деветто, финалето беше репшено по пенал – серијата.

Куп на Македонија – 30.финале

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1:1 (1:0) (2:0П)

СЦ “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци: Мишевски (п) 28. (М), Јусуфи 78 (С).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Лазаревиќ (115. Пецов), Илиевски, Мишевски, Јаго, Стоилов (105. Скендери), Стојков (30. Самаке), Попзлатанов (Алексовски), Стојкоски (74. Личина), Воша (74. Матеус), Фазли.

Тренер: Горан Симов.

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Незири, Радиќ, Кривањева, Мерџани, Кочоски (66. Таири), Бојку, Малиќи (46. Јусуфи), Шабани, Ибраими (74. Укпа), Мухарем (46.Радески).

Тренер: Шпетим Дуро.

 

_igbhXMik

ПретходноБорусија во Шведска ја најде замената за Белингем
СледноМомент за историја – „Лавовите“ трет пат со куп-трофејот (видео)