Ливерпул oдигра реми и „извиси“ за ЛШ, Евертон пред испаѓање

109

Ливерпул одигра 1:1 против Астон Вила во рамките на Премиер лигата и е во послаба позиција во трката по место во ЛШ. „Црвените“ имаат само промил шанси за четвртото место кое го држи Манчестер Јунајтед и со денешните три бода на гостувањето кај Борнмут со 1:0 си собра 69 бода и е во подобра позиција за излез во елитното клупско европско натпреварување. Ако не се случи чудо до крајот Сити, Арсенал, Њукасл и Манчестер Јунајтед ќе одат во ЛШ, а Ливерпул ќе мора да се задоволи со ЛЕ.
На Енфилд Астон Вила поведе со голот на Џејкоб Ремзи во првото полувреме, а изедначи Фирмино во 89 минута.
Јунајтед со голот на Каземиро во 9.минута го победи Борнмут и освои драгоцени бодови.
Евертон е пред испаѓање. Одигра 1:1 на гостувањето кај Вулверхемптон и со 33 бода е едно место над зоната за испаѓање. Сега дали ќе паднат во опасната зона зависи од конкурентите Лидс и Лестер и нивните дуели од ова коло.

ПретходноШалке 04 спаси бод во трката за опстанок, Унион си го загрози местото во ЛШ
СледноДесет играчи на Челзи не се во проектот на Покетино