Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, се пласираше во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања. Лина во полуфиналето ја совлада романската тенисерка Кристина Дину со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).
Нашата најдобра тенисерка во првиот сет беше подобра со 6-4, додека во вториот одигра на многу подобро ниво и го доби со 6-2.
Ѓорческа во финалето на турнирот кој се одржува во Србија ќе ја има Јулиа Авдеева од Русија.