Милан ја растури Сампдорија, блесок на Жиру со хет-трик! (ВИДЕО)

181

Вечерва во меч од 36.коло во Сериа А, Милан на „Сан Сиро“ одигра одличен меч и успеа со 5:1 да ја декласира Сампдорија, која веќе е испадната.

Важни бодови за Милан за задржување на шансите за пласман во Лигата на Шампините.

Вечерва на “Сан Сиро“ блескаше ветеранот Оливие Жиру со хет-трик. Одлични партии прикажаа и Диаз и Леао.

Милан дојде во водство со голот на Леао во 9.минута, следеше првиот гол на Жиру во 23.минута, па вториот во 29.минута од пенал. Третиот негов гол падна во 68.минута.

Претходно Диаз го постигна четвртиот гол за Милан.

Да кажеме дека во 20.минута со голот на Кваљарела, гостите успеаја да израмнат.

ПретходноГрмеше во соблекувалната на Пелистер: Шампионе, шампионе…(ВИДЕО)
СледноСосиедад ја шокираше Барса на преполниот “Камп Ноу“! (ВИДЕО)