Сите се сеќаваме на босанскиот интернационалец Сенијад Ибричиќ кој во експанзијата на ФК Вардар и големите инвестиции пред неколку години можеше да си дозволи и засилувања од таков тип.
Ибричиќ тогаш играч на Ломомотив Москва дојде како позајмен фудбалер во Вардар одигра солидно, но за полусезона си замина. Оттогаш мина години, тој одамна не е ниту активен фудбалер, а последно се појави на дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Милан во Милано. Го проследи полуфиналето од ЛШ во живо бодрејќи го својот добар пријател Един Џеко до победа и пласман во финалето.
„Истанбул е следната станица“ – напиша Ибричиќ на социјалните мрежи, видно „освежен“ што се вели. Јавноста не можеше да примети дека тој има неочекувано повеќе коса, што ќе рече дека имал естетска „модификација“.