Ново блескаво издание на Галевски, Алкалоид ја доби пресметката со битолчани!

528

Алкалоид ја оправда фаворитската улога против вториот тим на Пелистер, го совладаа со 29-27 во последниот меч на домашен терен оваа сезона. Младиот Иван Галевски беше херој кај победникот, запиша 19 одбрани од кои три седмерци. Савревски запиша 5 гола, еден помалку имаше Џонов. На другата страна Петровиќ запиша осум погодоци, Печурица запиша 10 одбрани.

До пред средината на второто полувреме гледавме изедначена игра. Гостите поведоа со 4-3, домаќинот со серија од 4-0 дојде на плус три (9-6), но битолчани ја држеа неизвесноста на мечот. На одморот избраниците на Кирил Лазаров заминаа со позитива од 16-14.

Серија од 6-0 беше доволна за да Алкалоид дојде на плус пет 23-18 во 44 минута. Ова беше клучниот момент. Гостите не се откажаа на оваа средба. По тајм-аутот на Лазаров, домаќинот зголеми на 28-22, благодарение на младиот голман Галевски, но битолчани со серија од 5-1 дојдоа на 29-27, ја искористија опуштеноста на противникот.  Пелистер 2 не искористи шанса да се доближи на минус еден, тука беше крајот на мечот.

Во плеј-аут лигата Струга на гости кај Радовиш славеше со 26-32, додека пак Јуниор К.В и Вардар Неготино драматичен меч, со гол во последните две секунди домашниот тим славеше со 30-29.

ПретходноДориан Бабунски со два гола го “реши“ Ференцварош! (ВИДЕО)
СледноЌе се слави во Ѓорче, “лавовите“ повторно со куп-пехарот, ставија “печат“ и на Европа! (ФОТО)