Утре во 17 часот во Кавадарци, екипата на Скопје ќе игра бараж за останување во ПМФЛ и тоа против второлигашот Вардар. Па така попладнево, на последниот тренинг пред утрешниот голем меч, ги посети и градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефковски.
Тој им посака многу среќа, успех на дуелот против Вардар и секако им посака победа со која и следната сезона Скопје да игра во елитното друштво во мак – фудбалот
Стефковски им даде и поддршка, истакна дека тој верува ви нив и во победа на Скопје.