Заврши првото полувреме од 30.финале во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, тимот на Македонија ЃП води со 1:0 и тоа со голот од пенал на Филип Мишевски, откако судијата Стојчевски во 28.минута покажа на белата точка откако Кочоски играл со рака. Жестоки беа реакциите на стружани, но сепак беше досуден пенал.
Струга ТЛ имаше закани преку Мерџани и Шабани, се закани и Мухарем, но тоа не беа којзнае какви удари.
По голот како што и се очекуваше, се разгоре играта на теренот на СЦ “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје каде и се игра големото финале во Купот на Македонија.