Сензационално реми на Тиквеш против Вардар за потврда на шампионската титула на Пелистер!

303

Вардар 1961 во Кавадарци не мина според планот, иако ја имаше фаворитската улога, на терен, сликата беше сосема поинаква. Ракометарите на Тиквеш влегоа максимално мотивирани, за тоа говори и ремито од 32-32 во рамките на претпоследното коло во плеј-офот. Со овој бод кавадарчани обезбедија излез во Европа.

По ова Пелистер и официјално е промовиран во нов првак, битолчани си ја завршија „домашната задача“ во Охрид.

Тиквеш може да жали за пропуштената шанса овој меч да го заврши и со победа, ако се земе во предвид дека во еден дел од дуелот водеше и со шест гола.

Симиќ со десет гола, Хамзиќ со осум гола беа лидери кај победникот, на другата страна Манасков имаше 10 гола, додека Леонардо седум.

Домаќинот, изненадувачки поведе со 6-2, гостите се обидуваа да ја најдат вистинската против игра, израмнија на 9-9, но на другата страна следеше жесток одговор, со серија од 6-1 Тиквеш поведе со 15-10, беше и 17-11. На одморот, Вардар 1961 успеа да намали на негатива од три гола (18-15).

Во вториот дел „црвено-црните“ остнаа без Филип Талески кој се повреди, но заиграа многу подобро. Манасков дури во 42 минута со гол од седум метри успеа да израмни на 22-22. Две минути подоцна со нов гол на Манасков, исто од седум метри, Вардар го запиша второто водство на мечот (23-24). Тиквеш успеа повторно да го сврти резултатот во своја корист, поведе со 27-25 и 28-26. Една одбрана на Ристовски и серија од 3-0 беа доволни за нов пресврт и 28-29. Иако се чинеше дека актуелниот првак ќе успее да се извлече на оваа средба, Симиќ израмни на 32-32 во самиот финиш, на другата страна Вардар не искористи напад.

Пелистер пак помина според планот, во ниту еден момент не доволи победата да биде ставена под знак прашалник, славеше против Охрид со 25-28. По првото полувреме водеше со 11-14, додека во продолжение дојде и на плус седум (14-21).

Кузманоски имаше девет погодоци, Пешевски шест, на другата страна Дрогришки имаше пет гола.

Голден Арт го доби дербито на колото, на домашен терен убедливо славеше против Скопје со 30-24.

Претходно„Пиратите“ пред утрешниот бараж добија поддршка од градоначалникот Стефковски! (ФОТО)
СледноВака во Сити се славаше новата титула во ПЛ! (ВИДЕО)