Шалке 04 спаси бод во трката за опстанок, Унион си го загрози местото во ЛШ

88

Екипата на Шалке 04 освои бод во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт во претпоследното коло од Бундес лигата. „Сините“ на домашен терен одиграа 2:2 и освоија бод кој не им гарантира опстанок. За нив е добро што и директниот конкурент Бохум одигра 1:1 со испаднатата Херта па така екипата од Гелзенкирхен се најде во плеј-офот за опстанок.

Шалке е на 16-тото место со 31 бод, Бохум со 31 бода е едно место на него, а претпоследен е Штутгарт со 29 бода и последна Херта со 29. Штутгарт својот меч ќе го игра утре.
Симон Терод го постигна најбрзиот гол за Шалке откако се собира статистиката уште по нецела една минута. Сепак Камада и Тута го свртеја резултатот во корист на Ајнтрахт.
Во финишот бод за Шалке спаси Полтер.
Шалке во последното коло ќе игра со Лапциг во гости.
На другите денешни натпревари Хофенхајм-Унион 4:2, Вердер-Келн 1:1.
Унион загуби од Хофенхајм но уште е на четвртото место со исто бодови како и Фрајбург на петтото место на едно коло до крајот. Ќе биде интересно во битките за излез во Европа.

 

ПретходноПолувреме: “Лавовите“ имаат водство со гол од пенал!
СледноЛиверпул oдигра реми и „извиси“ за ЛШ, Евертон пред испаѓање