Струга ТЛ во својата историска сезона сепак не успеа да дојде до двојната круна. Вечерва загуби во финалето во Купот и тоа од Македонија ЃП во пенал – серијата.
Секако дека стратегот Шпетим Дуро не беше задоволен од вакиот исход, посебно ако се знае дека сите четири пенали неговите избраници ги промашија.
“Да, трениравме пенали, но интересно е тоа што на тренинзите сите пенали ги погодувавме. Мислам дека бевме подобар противник во ова финале, израмнивме на време но ете, не успеавме да постигнеме уште еден гол за победа“ рече покрај другото стратегот на Струга ТЛ по ова финале.