Арсенал загуби, Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата

80

Поразот на Арсенал од Нотингем Форест вечерва со 1:0 ја потврди шампионската титула на Манчестер Сити. „Топчиите“ мораа да победат за да останат во игра за титулата во последното коло меѓутоа загубија на „Сити граунд“ и со тоа им овозможија на „Граѓаните“ да ја слават новата шампионска титула – трета по ред, а деветта севкупно во историјата.

Сити има 85 бода, а Арсенал е втор со 81 бод. Да кажеме дека „Граѓаните“ имаат одиграно 35 натпревари, а Арсенал 37 меча.

Тоа значи дека Сити ќе одигра уште три меча до крајот, а Арсенал уште еден.

ПретходноЌе се слави во Ѓорче, “лавовите“ повторно со куп-пехарот, ставија “печат“ и на Европа! (ФОТО)
СледноЛајпциг го декласираше Баерн среде Минхен и му “сервира“ титула на Дортмунд! (ВИДЕО)