Џуд Белингем најверојатно ќе си замине од Борусија Дортмунд и ќе се пресели во Реал Мадрид. Тоа одамна се зборува и се чека да биде отворен летниот преоден рок па шпанскиот клуб да го реализира трансферот.
А Борусија не чека, веднаш пронајде фудбалер кој би можел да го замени англискиот крилен напаѓач. Се работи за Уго Ларсон кој игра во Малме. Тој веќе одбил неколку премиерлигашки клубови, а во Борусија видел можност за напредок затоа што овој клуб со години наназад одлично работи со млади талентирани играчи.
Уго има 18 години и ќе го чини Дортмунд меѓу 11 и 13 милиони евра. Тој сезонава одигра повеќе од 20 натпревари со ефект од еден гол и три асистенции.
Неговиот договор со Малме е до 2026 година затоа и Борусија ќе мора да плати обесштетување.