Вака во Сити се славаше новата титула во ПЛ! (ВИДЕО)

1109

По киксот на Арсенал и поразот од Нотингем и дефинитивно сега веќе нема дилеми, Манчестер Сити е старо – нов првак во Премиерлигата. Ова е трета титула во серија на “граѓаните“, нешто што досега го имаше само Манчестер Јунајтед во ПЛ.

Ако се знае дека Сити утре го има својот меч со Челзи (17 Ч), играчите на шампионот групно го следеа денешниот меч меѓу Нотингем и Арсенал, за да потоа и се славеше еуфорично.

Еве вака во Сити се славеше новата титула во ПЛ.

ПретходноСензационално реми на Тиквеш против Вардар за потврда на шампионската титула на Пелистер!
СледноГрмеше во соблекувалната на Пелистер: Шампионе, шампионе…(ВИДЕО)