Дориан Бабунски со два гола го “реши“ Ференцварош! (ВИДЕО)

150

Блескав настап на нашиот репрезентативец Дориан Бабунски попладнево во дресот на Дебрецин и тоа два гола против големиот Ференцварош за триумф со 3:1.

До 63.минута гостите имаа негатива од 1:0, но затоа тука беше Бабунски кој во таа 63.минута прво израмни за да четири минути подоцна стрелаше уште еднаш за 1:2. Подоцна уште еден гол за Дебрецин за триумф на гости од 1:3.

Уште еднаш, одличен, фантастичен настап на Дориан Бабунски во меч од 32.коло во шампионатот на Унгарија.

ПретходноМомент за историја – „Лавовите“ трет пат со куп-трофејот (видео)
СледноНово блескаво издание на Галевски, Алкалоид ја доби пресметката со битолчани!