Кварацкелиа се повреди и не игра против Интер

127

Сега веќе актуелниот шампион во Серија А, тимот на Наполи утре на домашен терен во големото дерби против Интер најверојатно ќе мора да настапи без Квича Кварацкелија. Грзиецот се повреди на еден од последните тренинзи, и нема да се ризикува со него секако.

Дотолку повеќе што ова дерби колку и да е интересно за следење, нема да има резултатски императив за ниту една од екипите, особено ако се знае дека Интер го чека финале во Лигата на Шампионите.

Мечот се игра утре со почеток од 18:00 часот на стадионот Диего Армандо Марадона.

 

ПретходноКуп на Македонија – 30.финале: Вардар е рекордер со пет трофеи, Работнички со четири, Слога Ј со најмногу финалиња!
СледноЕлиф Елмас под „палката“ на Антонио Конте?