Мајами направи брејк во финалето на истокот (ВИДЕО)

198

Тимот на Мајани Хит направи голем, огромен чекор кон финалето во НБА лигата сезонава, откако синоќа на гостински терен успеа да слави кај Бостон со 105:111 и на тој начин да поведе во серијата со 2:0.

Иако се очекуваше домашен триумф и израмнување на резултатот во серијата, сепак, Мајами покажа дека е кадарен да слави и на гости што уште еднаш ја покажува силата и капацитетот на овој тим сезонава.

Клучна делница од мечот беше онаа последната која Хит ја доби со 22:36. Што се однесува пак до индивидуалнот учинот Џејсон Татум со 34 поени најјефикасен на дуелот, а на ова додаде и 13 скока односно осум асистенции. Сепак, тоа не беше доволно домаќинот да победи, наспроти оние на Џими Батлер кој стигна до свои 27 коша. Мартин додаде два помалку, додека Адебајо застана на 22.

ПретходноМилан тргнува по Лофтус-Чик, Челзи бара 25 милиони евра
Следно„Врие“ во Јувентус, играчите прават ПУЧ против тренерот Алегри