Најдобриот ракометар кој поради стрес мораше да паузира – им се врати само на тренинзите!

773

Микел Хансен одреден период мораше да биде надвор од ракометот. По завршување на Светското првенство кое го освои неговата Данска, најдобриот ракометар поради стрес мораше да се повлече од терените и ментално да закрепне.

„Минав низ тежок психолошки период во кој, за среќа, имав голема поддршка од моето семејство, пријателите, експертите и клубот. Сега сум на место каде повторно имам енергија и можам да се фокусирам на враќање на спортот што го сакам“, изјави Хансен.

Данскиот ракометар само ќе тренира, додека следната сезона ќе го видиме на терените. Хансен после десет години минати во дресот на ПСЖ, лани се пресели во Алборг.

ПретходноМудрецот Мурињо го „пецна“ Гвардиола!
СледноИмаше ли пенал? Македонија ЃП води со голот на Мишевски! (ВИДЕО)