Полувреме: “Лавовите“ имаат водство со гол од пенал!

194

Заврши првото полувреме од 30.финале во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, тимот на Македонија ЃП води со 1:0 и тоа со голот од пенал на Филип Мишевски, откако судијата Стојчевски во 28.минута покажа на белата точка откако Кочоски играл со рака. Жестоки беа реакциите на стружани, но сепак беше досуден пенал.

Струга ТЛ имаше закани преку Мерџани и Шабани, се закани и Мухарем, но тоа не беа којзнае какви удари.

По голот како што и се очекуваше, се разгоре играта на теренот на СЦ “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје каде и се игра големото финале во Купот на Македонија.

ПретходноИмаше ли пенал? Македонија ЃП води со голот на Мишевски! (ВИДЕО)
СледноШалке 04 спаси бод во трката за опстанок, Унион си го загрози местото во ЛШ