Реал Сосиедад како гостин вечерва успеа со 1:2 да ја победи Барселона, а ако имаше барем малку повеќе среќа, овој триумф ќе беше уште повисок, а Барса се спаси од катастрофа, во меч кој резултатски не и значеше ништо.
Ова беше прва победа на тимот од Сан Себастијан по цели 33 години на “Камп Ноу“, кој вечерва собра 88.049 гледачи.
Со овие три бода Сосиедад е на чекор до пласман во Лигата на Шампионите.
Стрелци на головите беа Мерино во 5.минута и Сорлот во 72.минута. Во самиот финиш Барса преку Левандовски намали на 1:2.
Па така Барса по цела година поразена е дома во Ла Лига, и прв пораз дома сезонава во Ла Лига.