Челзи продава седум играчи до крајот на јуни

1089

За да се запази финансискиот фер плеј за тековната сезона, тимот на Челзи ќе мора до 30 јуни да продаде голем дел од своите сегашни звезди, за да летово може истите да бидат заменети со нови.

Како што е добро познато, Челзи одигра очајна сезона. Промените се веќе реалност, пристигнува Маурусио Покетино на местото менаџер. Што се однесува пак до променара на ростерот тука имаме што се вели тектонски пореметувања.

Речиси дефинтиивно е заминувањето на Матео Ковачиќ кој или ќе се пресели во Манчестер Сити, или пак ќе го засили Баерн Минхен. на Хрватот е да одлучи.

Пиер Емерик Обамејанг исто така заминува од Лондон и се враќа во Барселона. Кристијан Пулишиќ ќе мора да ги разгледа опциите каде би можел да продолжи, исто како и Калум Хадсон Одои, Едуард Менди, и Рубен Лофтус Чик.

Конечно, Хаким Зијеш е најблиску од сите овие да си замине, а тој најверојатно ќе ја прифати огромната финансиска понуда од Саудиска Арабија.

Претходно„Врие“ во Јувентус, играчите прават ПУЧ против тренерот Алегри
СледноХезоња: Ние сме Реал Мадрид