Екипата на Борусија Дортмунд е пред шампионска титула. „Милионерите“ се најдоа во фантастична ситуација по 11 години да ја вратат титулата во своите витрини и да ја прекинат доминацијата на Баерн.
А токму најтрофејниот вчера загуби, а Дортмунд со победата над Аугзбург со 2:0 изби на чело на табелата со два бода предност во однос на лутиот ривал и во последното коло му е потребна победа за да ја завери титулата.
Во последното коло „милионерите“ ќе играат дома против Мајнц.
Победата ја донесе Себастијан Але кој ги постига двата гола, едниот во 59 минута, а другиот во 84 минута.