Валтер Таварес е МВП на Ф4 турнирот од Евролигата!

76

За најдобар играч на завршниот турнир во Евролигата сосема заслужено е прогласен кошаркарот на новиот европски првак Реал (М), Валтер Таварес.

Тој беше далеку од најдоброто свое издание во самото финале, но фантастичниот настап во полуфиналето веројатно беше клучот за добивање на ова признание.

Вкупно на овие два натпревари Таварес имаше 33 поени, 25 скока, односно просекот од 16,5 поени и 12,5 скока по натпревар.

Претходно„Кралот“ се врати: Реал ја добри драмата во Каунас и стана европски шампион!
СледноСалцбург деветтипат по ред е шампион на Австрија!