Вечерва ќе има фешта: Струга Трим Лум прави шампионска забава за своите фанови!

220

И покрај поразот во вчерашното финале во Купот на Македонија, нема којзнае како разочарување во таборот на Струга Трим Лум. Со освојувањето на титулата во ПМФЛ, ова за стружани секако дека е историска сезона па затоа клубот вечерва од 19 часот во центарот на градот Струга организира шампионска забава за своите фанови по повод освојувањето на првата и историска титула во Македонија.

Струга ТЛ во моментов е најдобриот клуб во државата, па тоа мора и да се прослави. На забавата ќе учествуваат познати естрадни ѕвезди, а тука ќе бидат и играчите на Струга ТЛ кои се најзаслужни за историскиот успех на клубот кој постои само осум години.

Секако дека сите граѓани на Струга се горди на својот клуб кој за првпат во самостојна Македонија му донесе на градот на поезијата шампионски пехар во некој екипен спорт.

Па така сега Струга е шампионски град.

ПретходноТажни сцени пред “Етихад“: Некои работи навистина со пари не се купуваат! (ВИДЕО)
СледноСтоле и Рајо поразени дома од Еспањол! (ВИДЕО)