Два гола на Мбапе во две минути за победа на ПСЖ (ВИДЕО)

115

Парижани ја оправдаа улогата на фаворити на гости во 36. коло од Лига 1 и славеа на гостувањето кај Оксер со 2:0.

Килијан Мбапе му донесе рана предност на ПСЖ со головите во 6. и 8. минута, по асистенција на Фабијан Руиз и Лео Меси. Негативата ја намали Ласијан Синајоко во 51. минута.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 84 бодови, Оксер е на 16. место со 34 бодови. Во следното коло, ПСЖ гостува кај Стразбур и ќе може со победа да ја потврди шампионската титула.

ПретходноИмобиле од пенал за победа на Лацио, Несторовски погоди, но од офсајд (ВИДЕО)
СледноАргентинска манекенка открива каков е Меси во кревет!