Наполи го победи Интер, Елмас играше 70 минути

102

Новиот италијански шампион Наполи на својот стадион „Диего Армандо Марадона“ го совлада Интер со 3:1 во дербито на 36 коло во Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше до 70 минута, три минути претходно Наполи дојде во предност со голот на Ангуиса. Претходно, во 41 минута Интер остана со играч помалку поради исклучувањето на Гаљардини.

Во 79 минута Џовани Симеоне постигна гол за 2:0 но беше поништен по реакција на ВАР поради претходен прекршок. А три минути подоцна Ромелу Лукаку го изедначи резултатот.

Кога се чинеше дека така ќе заврши мечот, Наполи постигна два гола. Стрелци Ди Лоренцо во 85. минута и Гаетано во 95 минута.

Наполи има 86 бода, Интер е на третото место со 66 поени со тоа што може да го загуби третото место ако Лацио, кој има 65 бода победи. Четвртиот Милан има 64 бода.

ПретходноПрво место за Иџе во Португалија!
СледноУ-18: Македонија си закажа пријателска со Србија