Триумф и три бода кои може на крајот да се покажат како пресудни во битката за опстанок за Еспањол, и пораз кој дефинитивно значи дека Рајо Валјекано тешко ќе види Европа следната сезона.
Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано попладнево во меч од 35.коло во Ла Лига, на свој терен поразени се од Еспањол со 1:2.
Дардер во 23.минута му донесе водство на гостинот, за да во 42.минута Де Томас од пенал го израмнува резултатот на 1:1. Победничкиот гол за тимот од Барселона беше дело на Меламед во 59.минута.