Пелистер на коло до крајот на шампионатот и официјално е новиот ракометен првак. Вчера битолчани го освоија Охрид, додека Вардар 1961 одигра реми против Тиквеш, резултат кој го означи големо славје во редовите на Пелистер.
Честитки на адресата на новиот првак стигаа од сите страни, а меѓу првите тоа го стори Борко Ристовски. Искусниот вадаров голман на својот „Инстаграм“ објави фотографија од Пелистер, покажа дека е голем и во вакви денови.