Играчите и стручниот штаб на ФК Вардар предмалку пристигнаа на плоштадот Македонија во Скопје со двокатниот автобус специјализиран за спортски прослави кај нас. „Црвено – црните“ се нови првиолигаши откако денеска во Кавадарци во бараж дуелот против Скопје триумфираа со убедливи 3:0 и на тој начин ја остварија основната цел сезонава.
Ги дочека навивачката група Комити која што денеска во Кавадарци приреди вистинско шоу налик на светските навивачки групи. Во речиси 2500 бројка ја пополнија целата стара трибина на стадионот и направија вистинска фешта.
Заслужи ФК Вардар ваков дочек, заслужија овие играчи хероји вакво нешто, затоа што во оваа ужасна сезона на проблеми успеаа да направат чудо и да остварат пласман во првата лига.