Екипата на Луиверул во рамките од 37. коло од Премиер лигата вчера на домашен терен по којзнае кој пат сезонава киксираше и одигра само 1:1 против Астон Вила.
Менаџерот Јирген Клоп нормално разочаран од развојот на настаните рече дека ова е уште еден удар за тимот сезонава.
„Без разлика како гледаме на натпреварот со Астон Вила, овој резултат е разочарувачки. Се боревме за место во зоната на Лигата на Шампионите , но ривалите собраа повеќе бодови. Сакавме да сме во игра и следната недела, но не е така. Ќе играме во Лига Европа . Ќе пробаме да го освоиме ова натпреварување. Не сме толку разгалени и со гордост ќе играме и таму. Тоа што се пласиравме во ЛЕ е достигнување само по себе, бидејќи и таму ќе имаме сериозни противници. Да видиме што можеме да направиме таму“, изјави Јирген Клоп, цитиран од Би-Би-Си.