Монако ја совлада Барса за „бронза“ во Евролигата

70

Екипата на Монако е освојувач на третото место и бронзените медали сезонава во Евролигата. Во малото финале на Ф4 турнирот во Каунас ја совладаа Барселона со 78:66 и го запишаа својот најголем успех – трето место во Европа или повеќе го оствари најдобриот пласман на еден француски клуб по Лимож во 1993 година кој таа година беше европски шампион.

Најефикасни кај Монако беа Страцел до 14 поени и Диало со 10, а кај Барселона која разочара на турнирот со два порази најдобар на овој меч беше Миротиќ со 15 поени.

Финалето се игра вечер и за титулата ќе се борат Олимпијакос и Реал Мадрид.

FOTO>Euroleague

ПретходноПолувреме во Кавадарци: Вардар води со 1:0, а можеше и поубедливо!
СледноРазмоски повторно „тресе“, Вардар пред промоција во Првата лига! (видео)