Навивачите на Валенсија со расистички навреди за Винисиус, го нарекуваа „мајмун“

265

Навивачите на Валенсија го нарекуваа најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор „мајмун“. Овие навреди на расистичка основа се потенцијална опасност за Валенсија да добие жестока казна од Ла Лига.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, имаше конфликт со навивачите на Валенсија во текот на целиот меч, а на крајот доби и црвен картон. За време на сите пресметки кои Бразилецот ги имаше со домашните навивачи, с еогласи и спикерот на стадионот кој повика на прекин на расистичките навреди.

Во првото полувреме навивачите на Валенсија скандираа: „Колку си лош, Винисиус, колку си лош“.

ПретходноСалцбург деветтипат по ред е шампион на Австрија!
СледноТричковски со гол во 93. минута обезбеди важен бод за АЕК Ларнака (ВИДЕО)