Новиот англиски шампион го сомле и Челзи

175

Манчестер Сити вчера ја завери деветтата шампионска титула во Англија, а трета по ред по поразот на Арсенал, но денеска не се опуштија туку одиграа шампионски и го совладаа Челзи во меч од 36.коло на Премиер лигата.

Пеп Гвардиола го измеша составот за овој меч, а тимот ја потврди одличната форма во која се наоѓа во финишот на сезоната.

Сити почна со Ортега на голот, Гомез, Филипс, Луис во дефанзивниот ред, Палмер во средниот ред, Алварез во нападот… Гвардиола одлучи да одмара дел од првотимците, но  и оние што настапија го совладаа Челзи кој има турбулентна сезона и никако да се стабилизира.

Голот за победа го постигна Алварез на асистенција на Палмер во 12 минута (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).

Халанд, Де Брујн, Родри и Стоунс влегоа во финишот на мечот.

Сити има 88 бода, а треба да доигра уште два меча.

Челзи е на 12. место и го впиша 15-тиот пораз.

 

ПретходноМЕСТОТО ПОТВРДЕНО: Атлетико 11-ти пат по ред со Симеоне ќе игра во ЛШ
СледноБараж за ПМФЛ: “Комитите“ ја добија битката – Вардар се врати во елитата!