Одлично судење во финалето на Стојчевски и неговите помошници!

580

Вчера на СЦ “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје се одигра јубилејното 30.финале во Купот на Македонија. Победи на пенали екипата на Македонија ЃП против шампионот Струга Трим Лум. Финале како финале, поради важноста на мечот изостана спектакуларен и екстра квалитетен фудбал, притисокот беше голем, се работеше за пехарот во Купот на Македонија.

Сепак беше интересно, возбудливо и докрај неизвесно.

Од друга страна белег на ова финале остави судиската четворка на чело со Игор Стојчевски, кој е со знакот на ФИФА. Одлично, па можеби и перфектно судење на Стојчевски и неговите помошници Даниел Василевски, Бранко Путилин и Крумислав Ѓорѓиев.

Уште еднаш се покажа дека и ние имаме и тоа како врвни судии кои можат и без ВАР да отсудат едно финале без грешка.

По мечот четворицата добија плакети од страна на ФФМ, заедно со делегатот Игор Франгоски и контролорот Благој Шуклев за учеството во 30.финале во Купот на Македонија.

ПретходноЃорческа остана без пехарот во Куршумлиска Бања!
СледноАртета: Боли многу! Им се извинувам на навивачите!