Салихамиџиќ: На Тухел му треба само една предсезона со тимот и се ќе биде ок

298

Тимот на Баерн Минхен има огромни проблеми во моментов. Како на играчки така и на резултатски план. Титулите сезонава избегаа, вчера беше доживеан домашен пораз од Ред Бул Лајпциг.

Притисокот е огромен со оглед на фактот што на сред сезона, управата на чело со Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан решија да го отпуштат дотогашниот тренер Џулијан Нагелсман и да му ја дадат довербата на Томас Тухел. Тоа не се покажа како добар потег, барем не сезонава, затоа што Баерн е во лоша состојба.

„Долго време размислувавме дали да го отпуштиме Нагелсман. На крај „пресековме“ што се вели и решивме да го сториме тоа, затоа што имавме потреба од нагла промена.Дали Тухел е правилна одлука. Дајте му време да одработи една предсезона со тимот и ќе видите дека се ќе биде ок“ – изјави Хасан Салихамиџиќ.

 

ПретходноСтарт на Macedonian Open 2023: Калин Ивановски со „вајлд карта“, четворица мак-тенисери во квалификациите!
СледноБитола им се поклони на новите прваци (ВИДЕО)