Откако се чини дека и дефинитивно Лучано Спалети има намера и тоа како да ја напушти клупата на Наполи, и тоа поради неговиот однос и гнев кон газдата Аурелио Де Лаурентис, денеска медиумите во Италија пишуваат за нова сензација.
Имено тие го посочуваат, покрај Конте, Де Зерби, Гасперини и другите, дека главен кандидат за клупата на шампионот бил Јулиан Негалсман. Германецот кој на малку чуден начин доби отказ од Баерн Минхен и тренер кој долго време беше поврзуван со Челзи и Тотенхем.
Да Лаурентис имал веќе контакти со менаџерот на Нагелсман, на ништо чудно ако нашиот Елиф Елмас во следната сезона игра за Наполи под диригентската палка на Германецот.