Фудбалерите на Валенсија го победија Реал Мадрид со резултат 1:0 во натпреварот од 35. коло на Ла Лига. Голот кој им донесе три бода на „лилјаците“ беше дело на Диего Лопез Ногерол во 33. минута.
Гостите од главниот град имаа дури 73 проценти посед на топка, но не успеаја да погодат.
Реал со овој пораз го загуби второто место на табелата од градскиот ривал Атлетико кој убедливо со 3:0 ја совлада Осасуна. Избраниците на Диего Симеоне со 72 бода се со еден бод пред Реал.
Валенсија е на 13. место со 40 бодови.