Спалети: Не е точно дека добивам понуди од други клубови

197

Иако ја освои долго очекуваната титула во Наполи, со тимот сезонава во Серија А, јавноста во Италија упорно како да сака Лучијано Спалети да биде сменет. Поточно друг тренер да го води клубот следната сезона во Лигата на Шампионите. Се лицитира со клубови кои евентуално се заинтересирани да го доведат, како и со имиња кои би го замениле во Наполи. На сето тоа, едноставно Спалети мораше да реагира, и нормално да демантира се.

„Немаше потреба да се преговара ништо. Не сум одбил зголемување на платата. Не е точно дека сум добил понуди од други клубови, тоа не е точно. Не чекам други клубови или дека сум имал други понуди. Дури и Претседателот Аурелио Де Лаурентис зборува токму за тоа. Тој има многу сериозни амбиции во Лигата на шампионите и го однесе клубот од нула до титулата“, рече Спалети, цитиран од Ројтерс.

ПретходноВардар тргнува по прва лига, пречката се вика Скопје
СледноШамари „летаат“ во словенечкиот фудбал… тренерот на Радомље го удри Сенијад Ибричиќ (ВИДЕО)