Со денешните 12 меча од првото квалификациско коло стартува Челинџер 75 турнирот Macedonian Open2023 што од денеска до сабота (27.мај) ќе се игра на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје. Во квалификациите ќе настапат и четири македонски тенисери: Горазд Србљак, Обрад Марковски, Берг Бугариќ и Бесир Дургути.
На главниот турнир од македонските тенисери ќе игра и нашиот најдобро рангиран играч Калин Ивановски, кој со „вајлд карта“ ќе биде дел од турнирот, каде во првото коло ќе игра против Хрватот Дино Призмиќ (17год., 330 место АТП).
Во квалификациите Бесир Дургути за ривал го има Полјакот Карол Држевиецки (27 г., 1100 АТП), додека Обрад Марковски ќе игра против Евгениј Карловски (28 год., 369 место на АТП листа). Победниците од овие два меча ќе играат меѓусебе за „влез“ на главниот турнир. Србљак за ривал го има Хрватот Дује Ајдуковиќ (22г., 375 АТП), додека Бугариќ ќе игра против Унгарецот Мате Валкуз (24 г., 279 АТП).
Мечевите од квалификациите ќе се играат на четири терени на ТК Југ, а според распоредот на Централниот терен ќе настапат македонските тенисери (Дургути, Марковски и Србљак), додека Бугариќ својот меч го игра на теренот број 5.
Почетокот на мечевите од квалификациите е во 11 часот, а влезот е слободен.