Иван Тричковски обезбеди голем бод за екипата на АЕК Ларнака во денешниот дуел со Пафос во новото коло од доигрувањето во кипарскиот шампионат. Тричко погоди во 93. минута на домашен терен за израмнување на 1:1 и бод за АЕК Ларнака кој ги остава на 3. место на табелата кое води во Европа.
Гостите денеска водеа од 38. минута, потоа останаа со играч помалку и не успеаја да ја задржат предноста. За Тричковски ова беше вториот гол во доигрувањето.