Утре на Јуве ќе му одземат 12 бодови, се чека казната и од УЕФА!

3618

Така е тоа кога со години правиш, како клуб, криминал. И тоа доаѓа на наплата, кога тогаш. Па дури тогаш ќе се замислиш дали и понатаму ќе правиѓ незаконити дејствија, пред се со финансиите, иако на луѓето во Јувентус, сегашни и поранешни никако не им доаѓа памет.

Имено утре клубот од Торино ќе остане со -12 бодови во Сериа А, и тоа значи дека може да заборави на пласман во ЛШ без разлика што сега е втор на табелата, откако привремено му беа вратени тие 15 бодови на неговото конто.

Секако дека клубот го чека и дополнителни казна од страна на УЕФА зошто во Нион се води напоредна истрага за се она што Јуве го прави и го правекл со години и децении наназад.

Ова го пишуваат медиумите во Италија со оглед на тоа дека во текот на утрешниот ден Сојузниот апелационен суд на Италија ќе расправа околу скандалот поврзан со финансиските малверзации на Јувентус. Обвинителството сега има сигурни докази, и како што тврди “Кориере дело Спорт“ повеќе од сигурно дека Јуве го чека казна и одземање на 12 бодови.

ПретходноАртета: Боли многу! Им се извинувам на навивачите!
СледноЕгзодус на навивачите на Баерн среде натпревар (ВИДЕО)