Во супер интересен меч, во меч кој беше од исклучителна важност за Лидс, во дуел од 37.коло во ПЛ, Вест Хем со пресврт дојде до триумф од 3:1.
Родриго во 17.минута ги доведе гостите во водство од 0:1, и се беше како од бајка за гостите кога Рајс во 31.минута израмни на 1:1.
Во 72.минута Боувен постигна гол, но мораше ВАР да регаира со проверка, минута – две кои беа тешки за фановите на Лидс, но на нивна жал голот беше признат за резултат од 2:1 за “чеканите“. Ланзини во 90+4. стрелаше за конечни 3:1.
Сега Лидс, кој е на 18.место, има 31 бод и во последното коло игра со Тотенхем, додека Евертон кој е на сигурното 17.место има 33 бодови и во последното коло игра со Бормнут.
Саутемптон е веќе испаднат,но не смее да заборави на Лестер кој е 19.-ти со 30 бодови, но и два меча помалку.