Шамари „летаат“ во словенечкиот фудбал… тренерот на Радомље го удри Сенијад Ибричиќ (ВИДЕО)

1909

Во рамките од 36. коло од фудбалскиот шампионат на Словенија, поточно на дуелот помеѓу Радомље и Домжале се случи скандал нетипичен за оваа земја и поднебје. Победата на Радомље од 1:0 беше засенета од скандалот кој го предизвика токму од тренерот на домашните Оливер Богатинов, кој во момент на лудило го удри некогашниот босански репрезетативец, а воедно и екс играч на ФК Вардар, Сенијад Ибричиќ кој е член на Домжале долги години.

Зошто и како дојде до тоа Богатинов да го удри Ибричиќ ќе мора да се дознае допилнително, но потегов со оглед дека е јасно снимен и регистриран и од камерите, а и од официјалните лица, секако дека ќе сноси консеквенци, односно ќе следуваат казни и суспензии.

ПретходноСпалети: Не е точно дека добивам понуди од други клубови
СледноБорко Ристовски со порака до Пелистер: Заслужено шампиони!