Штутгарт го совлада Мајнц и „фати“ воз за опстанок

73

Екипата на Штутгарт со 4:1 славеше на гостувањето кај Мајнц во претпоследното коло во Бундес лигата и освои драгоцени бодови во трката за опстанок. До пред овој меч „Шбавите“ беа претпоследни и со оваа победа се искачија место над опасната зона, а конкурентите Шалке 04 и Бохум одиграа нерешено на своите натпревари и тие паднаа под црвената линија.

Мајнц поведе со гол на Ингвартсен, а пред крајот на првото полувреме изедначи Ендо. Во второто полувреме стрелаа Ѓираси, Фурих и Кулибали за убедлива победа.

Сега Штутгарт си ја има судбината во своите раце, во последното коло на домашен терен игра против Хофенхајм.

 

 

ПретходноФудбалски празник во Кавадарци: Еве каква е атмосферата на бараж мечот меѓу Скопје и Вардар! (ВИДЕО)
Следно“Пиратите“ останаа со играч помалку, Тодоров доби црвен зошто фрли “бакља“ кон трибините! (ВИДЕО)