По двегодишна доминација на Анадолу Ефес, Реал (М) е новиот европски кошаркарски првак. Во финалето на Ф4 турнирот во Каунас вечерва, „кралевите“ во исклучително драматична завршница славеа со 79:78 над екипата на Олимпијакос и го покорија Стариот континент.
Во последните две минути Реал имаше негатива од шест поени и успеаја да ја надополнат, на крајот за победа. Ова е единаесетта титула во историјата на Реал Мадрид.
Тоа што требаше да го направат кошаркарите на Олимпијакос го направија, а тоа е да ја засилат одбраната таму каде што имаше грешки во првото полувреме. Кое заврши нерешено (45:45). Во вториот дел Грците имаа подобар тек и успеаја во финишот да влезат со голема самодоверба.
Во последните три минути Олимпијакос беше на 76:70, но следуваше шоу на Серхио Родригез кој врза пет поени и дојде до 78:77, Олимпијакос имаше напад и го промаши, па следуваа поените на Љуљ на три секунди до крајот, по што Олимпијакос остана со кусо време за напад, биеше Слукас, но промаши.
Везенков постигна 29 поени и беше најдобар кај Олимпијакос, додека Кенан имаше 21.
Кај Реал, Родригез постигна 15 поени, а Таварес 13 поени.