Бутел ја имаше победата во раце, но Мајиќ направи кикс – Палевски казни!

159

Последниот натпревар од 13 коло во плеј-офот заврши без победник, Бутел Скопје на своја грешка наместо победа, на крајот мораше да се задоволи со реми од 23-23 против Пролет. Мајиќ пред истекот на времето, при водство на својот тим од еден гол заработи црвен картон, а на другата страна Палевски од седум метри го совлада Блажески и ги постави конечните 23-23.

Токму херојот на Пролет Палевски со 10 гола беше прв стрелец кај домаќинот, на другата страна Николов запиша 8 гола.

Откако Бутел Скопје отвори со 1-4, домашниот тим брзо врати, со серија од 4-0 поведе со 5-4. Гостите имаа плус два неколку пати, но тоа не беше доволно за да фати ритам, Пролет на одморот изамни на 13-13.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, со тоа што гостите повторно дојдоа на плус два (18-20), а домаќинот не им даваше шанса лесно да го отворат патот кон победата. За ова говори фактот што по 19-23 за Бутел Скопје, ракометарите на Пролет се доближија на 22-23, но не искористија напад за да изедначат. На 30 секунди до крајот, Бутел не го искристи нападот и кога се чинеше дека тука е крајот, Мајиќ направи грешка која неговиот тим ја чинеше реми.

Последната средба од плеј-аут меѓу Куманово и Прилеп заврши без победник (28-28), иако гостите на одморот имаа предност од 13-16.

Мрвовиќ со осум гола беше прв стрелец кај Куманово, на другата страна Шокоски постигна седум гола.

ПретходноУ-18: Македонија си закажа пријателска со Србија
СледноСе нижат порази: Реал поразен и на „Местаља“ (ВИДЕО)