Блескаво вардарово попладне во Кавадарци. Вардар го победи Скопје со 3:0 во бараж дуелот за ПМФЛ и со тоа се врати во елитата. Убава атмосфера направија фановите на нашиот најтрофеен клуб на овој историски меч за Вардар. Кавадарци просто “ГОРИ“, а Вардар и “комитите“ слават пласман во Прва лига.
Секоја чест за вардаровите фудбалери, посебно за двојниот стрелец и херој Размоски, но сепак треба посебно да се истакнат “комитите“ кои направија незаборавно шоу на Градскиот стадион во Кавадарци.
Постојана поддршка, песни и навивање, со тоа им дадоа сила на младите вардарци кои одиграа меч за своја душа, но и за душата на сите вардарци.