Медведев го освои трофејот во Рим – негов прв на земјена подлога

68

Рускиот тенисер Данил Медведев е освојувач на трофејот на Италија опен што се одржа во Рим. Во финалето Медведев го совлада данскиот тенисер Холгер Руне со 2:0 во сетови 7:5 и 7:5 и со тоа од понеделник ќе скокне на второто место на АТП листата.

Со тоа 27-годишниот тенисер го освои првиот трофеј на земјен терен, а ова е 20. трофеј во кариерата во 20 различни турнири, а шести од АТП 1000 серијата каков што беше и овој во Рим.

Во женска конкуренција вчера во Рим титулата ја освои Елена Рибакина. Таа го доби првиот сет со 6:4, а противничката Анџелина Калинина го предаде мечот.

 

 

ПретходноБорусија Дортмунд e пред шампионска промоција!
СледноПрво место за Иџе во Португалија!