Полувреме во Кавадарци: Вардар води со 1:0, а можеше и поубедливо!

494

По првите 45 минути од баражот за ПМФЛ, Вардар со голот на Размоски уште во 4.минута води со 1:0. Вардар е далеку подобар на теренот во Кавадарци, имаше и неколку шанси, како на Размоски, Јусуфи,Мишковски, поништениот гол на Десниќ, лесно можеше Вардар да има и повисоко водство.

Скопје како да е во шок, посебно по онаа 35.минута кога поради неспортски потег, фрли „бакља“ кон трибините, доби директен црвен картон од судијата Александар Ставрев.

Нема што, на Скопје ќе му биде пеколно тешко да се врати во игра, а Вардар не само што има водство туку ја има и големата поддршка од своите бројни фанови кои се на трибините на стадионот во Кавадарци.

Претходно“Пиратите“ останаа со играч помалку, Тодоров доби црвен зошто фрли “бакља“ кон трибините! (ВИДЕО)
СледноМонако ја совлада Барса за „бронза“ во Евролигата