МЕСТОТО ПОТВРДЕНО: Атлетико 11-ти пат по ред со Симеоне ќе игра во ЛШ

96

Атлетико Мадрид со победата над Осасуна со 3:0 и официјално го потврди своето учество во Лигата на шампионите идната сезона. „Јорганџиите“ беа надмоќни и рутински славеа со головите на Караско, Нигез и Кореа.

Со овој триумф Атлетико сигурно ќе освои едно од местата кои водат во ЛШ, а моментално е втор со 72 бода, бод повеќе од третопласираниот Реал Мадрид кој има меч помалку додека седум повеќе од четвртопласираниот Сосиедад.

Колку Диего Симеоне го препороди клубот говори и следниот податок. Пред Аргентинецот да седне на клупата Атлетико во целата историја само осум пати играл во ЛШ. Во ерата на Диего Симеоне Атлетико 11. пати во 11 сезони се квалификувал во ЛШ.

 

ПретходноГлишиќ со убав гол носи 3:0 за Вардар (видео)
СледноНовиот англиски шампион го сомле и Челзи